Историја во Купот на Германија: Четвртолигаш првпат ќе игра во полуфиналето (видео)

Германскиот четвртолигаш Сарбрикен испиша историја во Купот на Германија пласирајќи се во полуфиналето. Никогаш претходно тим од четвртата лига не се пласирал во топ 4 фазата, а фудбалерите на Сарбрикен историскиот пласман го испишаа со триумфот над прволигашот Фортуна Дизелдорф по драматичната пенал-серија која ја добија со 7-6 и траеше до 10-тата рунда.

Голманот на домаќините Бац одбрани вкупно пет пенали, четири во рулетот и еден во 83-тата минута и се истакна како херој на Сарбрикен. Домаќините преку Јаничке поведоа во 31-вата минута, а Фортуна дури во истекот на 90-тата минута се избори за продолженија преку Јоргенсен.

Иако Данецот во тие моменти беше херој за гостите, токму тој не го погоди клучниот пенал за Фортуна, односно неговиот удар беше одбранет во 10-тата серија, по која започна прославата на трибините.

- Оглас -

Најнови вести