Бомбата на Рашфорд го замолкна „Етихад“ во првото полувреме, утка во кариерата на Халанд (Видео)

Манчестер јунајтед води со 1:0 по првото полувреме од големото градско дерби против Манчестер сити кое се игра во рамки на 27-то коло од Премиер лигата.

Иако Граѓаните во мечот влегоа како фаворити и доминираа во поседот на топката, по првото полувреме се радуваат навивачите на Јунајтед и тоа благодарение на Маркус Рашфорд.

Напаѓачот во осмата минута постигна фантастичен гол и го замолкна „Етихад“.

Во акцијата топката дојде до Бруно Фернандеш кој беше на работ од шеснаесетникот на Сити и го проигра Рашфорд кој во трк и без размислување шутураше од околу 25 метри, упати вистинска бомба која заврши во голот на Едерсон.

 

Манчестер сити имаше одлична можност во последните минути од првиот дел да дојде до израмнување, но Ерлинг Халанд го имаше промашувањето на сезоната.  Норвежанецот од само два-три метри го промаши празниот гол.

https://twitter.com/i/status/1764323964833464463

- Оглас -

Најнови вести