Бонавентура испиша историја, и тоа со каков гол против Малта (Видео)

Италија извојува рутинска победа од 4-0 против Малта во меч од групата во која е и Македонија, па Аѕурите кои се актуелни европски прваци, направија чекор кон пласман и на ЕП следната година.

Првиот гол на полниот стадион во Бари беше Џакомо Бонавентура, кој со 34 години и 58 дена стана најстар стрелец на прв гол за Италија. Досега во историјата на Аѕурите, немало друг играч кој дебитантскиот гол за Италија го дал на ваква возраст.

Потоа два гола даде и Доменико Берарди, негов прв дабл во дресот на репрезентацијата, точка стави Давиде Фратези, но ѕвезда на вечерта е Бонавентура.

Погледнете го прекрасниот гол на Бонавентура со кој се најави победата на Италија против Малта:

- Оглас -

Најнови вести