Бонучи гледаше Торино – Милан, за кого ли навиваше?

Одбранбениот играч на Јувентус, Леонардо Бонучи, се појави со своето семејство на олимпискиот стадион во Торино, за да го гледа натпреварот од Серија А помеѓу Торино и Милан. Искусниот Бонучи се фотографираше на трибините со сопругата Мартина и синовите Лоренцо и Матео.

Многумина се прашуваа што бараше Лео на стадион и за кого навиваше? Тој е поранешен член на Милан, но на стадион замина по барање на неговиот седумгодишен син Лоренцо, кој не навива за тимот на татко му, туку за – градскиот ривал Торино!

Лоренцо кој е најстаро од трите деца на Бонучи, тренира во Торино и омилен играч му е Андреа Белоти, со кого се сретнаа на една вечера во ресторан. Татко му одлучи да не му се меша во изборот на клуб за кој што ќе навива. Лоренцо синоќа имаше задоволство да гледа како неговиот идол Белоти дава гол во победата над Милан.

Пред две години, кога Јуве славеше скудето, се гледаше дека на Лоренцо не му е до славје и дека не му е мило што го натераа да облече дрес на Јуве.

- Оглас -

Најнови вести