Бонучи не ги остава на мира Англичаните (Фото)

Леонардо Бонучи продолжува да ужива во европската титула која со Италија ја освои пред една недела, но и да ги провоцира Англичаните кои беа ривали на Аѕурите во финалето. Бонучи даде гол во финалето за 1:1, а потоа беше прецизен и во пенал рулетот.

На крајот Италија со 3:2 на пенали ја победија Англија, а по завршување на мечот, Бонучи директно во камерата која вршеше пренос од финалето порача „трофејот доаѓа во Рим“, како одговор на тоа што англиските навивачи постојано пееја дека трофејот „ќе си дојде дома“.

Веднаш по финалето Бонучи ги советуваше Англичаните дека треба да јадат повеќе тестенини, а сега им испрати уште една провокативна порака. Во друштво со Џорџо Кјелини, седнати на маса, јадат тестенини, а пораката на Бонучи беше: „Ние и понатаму јадеме тестенини, а вие?“.

 

- Оглас -

Најнови вести