Борба на годината во ММА: Брутално се тепаа 25 минути во октагонот и никој не попушти (Видео)

Спектакуларен ММА меч направија двајцата жестоки фајтери Макс Холовеј и Јаир Родригес во октагонот во Лас Вегас. По неверојатна борба која траеше пет рунди, на рајот Холовеј победи и тоа со одлука на судиите.

Ниту еден од борците не попушташе, двајцата даваа и добиваа жестоки удари во главата и телото, но не се предадоа, па судиите мораа да одлучат кој е победник. На крајот, се радуваше некогашниот шампион во перолесна категорија, Холовеј.

https://twitter.com/i/status/1459677321435271172

„Ова беше неверојатна борба. Најверојатно една од најдобрите кои некогаш сум ги гледал“, рече првиот човек на ММА, Ден Вајт.

По борбата, двајцата борци со многу модринки на лицето и телото, покажаа почит еден кон друг како вистински големи спортисти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC Europe (@ufceurope)

- Оглас -

Најнови вести