Бордо се спаси, Втората лига на Франција ќе биде пребогата со славни и трофејни екипи

Фудбалската федерација на Франција го спаси Бордо од преселба во Третата лига и ги остави Жирондинците на едно скалило погоре во Втората лига.

Претходно Францускиот национален олимписки и спортски одбор препорача шесткратниот француски првак да не биде преселен во Третата лига поради финансиски проблеми.

Бордо е во долгови од 40 милиони евра, но огромниот рејтинг и славно минато, заедно со титулите и плејадата познати светски асови што играле за клубот го спаси од катастрофа.

Клубот за којшто имаат играно Зинедин Зидан, Жан Тигана, Алан Жирес, Биксенте Лизаразу, Бернар Лакомб, Кристоф Дугари… испадна од Првата лига, а потоа со судска одлука беше префрлен во Третата лига, но сега одлуката е конечна и Бордо ќе биде второлигаш.

Интересно е што со нив испадна и Сент Етјен, екипа која е корекордер со 10 титули во Франција, колку што имаат и ПСЖ и Олимпик Марсеј, па Втората француска лига во новата сезона ќе биде пребогата со трофејни екипи.

Титули шампион на Франција имаат и Ле Авр, точно 3, и екипата на Сошо, две, што значи дека квартет екипи во Втората лига заедно имаат дури 21 шампионска круна во една од најфудбалските земји на светот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести