Борнмут им ги скрати платите на играчите, а директорот купи „бентли“ за сопругата

Во англискиот второлигаш Борнмут изби скандал откако извршниот директор Нил Блејк на својата сопруга Алесја како божикен подарок ѝ купил автомобил од марката „бентли“ вреден 155 илјади евра. Ова можеби и не би било толку трагично сфатено во нормални услови, но тој ги убедуваше фудбалерите и стручниот штаб дека поради кризата мора да им бидат скратени платите.

За подарокот се дозна кога Алесја на „Инстаграм“ се пофали со неколку фотографии на кои позира со новата кола. Подоцна таа го заклучи својот профил, но предоцна.

Клубот се најде на критики на навивачите, а се очекува и реакција од сопственикот на клубот, кој е Русин. Ова е дополнително негативен публицитет за раководството на Борнмут, кое во последните седум години си ги зголеми платите за неверојатни 876 проценти.

Борнмут е втор на табелата во Чемпионшип и има добри шанси експресно да се врати во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести