Борнмут по три години го победи Саутемптон

Борнмут игра се подобро, а вечерва ја забележа втората победа по ред со 3:1 и тоа на гостински терен против Саутемптон.

Нејтан Аке, и двајцата играчи со исто презиме Вилсон, Хари и Калум беа стрелци за гостите, кои ја прекинаа серијата од шест меча без триумф против Саутемптон.

Домаќините беа инфериорни и успеаја само да постигнат почесен гол. Стрелец за Саутемптон беше Вард Проуз од пенал во 52. минута.

Борнмут сега е на третото место со 10 бода, колку што има и Манчестер сити, но со еден меч повеќе од шампионот на Англија.

Саутемптон е 11-ти со седум бодови.

- Оглас -

Најнови вести