Борнмут со јубилејниот гол на Соланке, во 64. секунда од мечот успеа да ја матира одбраната на Фулам (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борнмут постигнаа гол во првиот напад на гостувањето кај Фулам во рамки на 11 коло од Премиер лигата.

Стрелец на голот кој ги шокира домашните фанови на „Крејвен Котиџ“, беше Доминик Соланке во 64. секунда по одличната акција со Филип Билинг.

Ова е 50. гол за Соланке во Премиер лигата. Тој 49 гола во Премиер лигата даде како член на Борнмут, а еден во дресот на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести