Борусија Дортмунд прими два гола од соседот, па му даде двојно повеќе

Борусија Дортмунд беше подобра од Бохум со 4-2 во соседското дерби на два тима од градови кои се оддалечени само 20-тина километри еден од друг.

Гостите водеа со 2-0, но Борусија предводена од Гираси кој даде два гола и го изнуди пеналот кој го реализираше Емре Џан, направи пресврт и се врати на победничкиот пат откако минатото коло Дортмунд беше разбиен од Хофенхајм со 1-5.

Ова е трети бундеслигашки меч по ред за Борусија на кој паѓаат шест голови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести