Борусија Дортмунд ќе го наполни Келн

Бреша – Милан (фудбал, Италија, 20.45 часот)

Бреша во минатото коло ремизираше со Калјари и ја прекина мини-серијата од два порази по ред, а тој бод добро им дојде во битката за опстанок бидејќи сега имаат нов тежок дуел, особено што ќе го нема Балотели, кој е суспендиран. Од последните пет меча, Бреша на четири примаше барем два гола. Милан има три победи по ред и се наоѓа само на два бода од местата кои водат во Европа. Росонерите имаат позитивна традиција против Бреша, но победите обично им се минимални со еден гол разлика.

Предлог тип: 2 (1.83)

 

Борусија Дортмунд – Келн (фудбал, Германија, 20.30 часот)

Борусија сезонава нема пораз на свој терен, а со девет примени голови се тим кој ја има втората најдобра одбрана во Бундеслигата. Келн е 13-ти, засега не е загрозен, но на гостувањата нема некои резултати за пофалба. Домашните се големи фаворити, чудо би било да не победат. Деби пред публиката во Дортмунд има Халанд, па би требало да има голови, секако повеќето, можеби и сите во мрежата на Келн.

Предлог тип: 4+ (1.88)

 

Осасуна – Леванте (фудбал, Шпанија, 21.00 часот)

Во последно време Осасуна наизменично реди победи, ремија и порази, а дома не победила уште од 3 ноември. Леванте ќе биде без повредениот Барди. Леванте од 2013 година не гостувал во Памплона, а тогаш славеше со 1-0. Пред тоа и Осасуна имаше две чисти победи без примен гол. Ова е дуел на две разични екипи во 20 кола, Леванте има само два нерешени резултати, а Осасуна има дури десет ремија сезонава.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.92)

 

Ница – Рен (фудбал, Франција, 20.45 часот)

Домашните се во добра форма, од почетокот на декември не знаат за пораз и моментно се во средината на табелата. Ница на свој терен има три победи по ред и притоа постигна 10 гола. Но, Рен е трети на табелата со пет бода помалку од вториот Лил и исто така игра одлично. Од крајот на октомври наваму, Рен загубил само двапати. Опасни се и на гости, имаат три победи по ред. Ница од 2014 година не загубила дома од Рен.

Предлог тип: ГГ (2.02)

 

Реал Мадрид – Анадолу Ефес (кошарка, Евролига, 21.00 часот)

Дербито на колото во Евролигата ќе донесе интересна кошарка. Реал во минатата недела двапати гостуваше во Москва и претрпе два порази, а киксираше и во домашното првенство против Басконија. Ефес уште нема пораз во 2020 година во Евролигата или во турската лига, а на гости во Евролигата не загубиле уште од крајот на октомври. Ако има некој терен на кој Пиварите не сакаат да гостуваат, тоа е овој во Мадрид. Од 2005 година не славеле против Реал во Мадрид. И да загуби, Ефес останува прв на табелата.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Норвешка – Хрватска Т2 >25.50 (1.95)

Борусија Дортмунд – Келн 1 & Т1 3+ (2.10)

Бреша – Милан Х2 & 3+ (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести