Борусија Дортмунд сака да се засили со напаѓач на Реал Мадрид

Борусија Дортмунд покажува интерес за напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Гарсија, пренесуват германските медиуми. Жолто-црните сакаат да ја засилат офанзивната линија во текот на летниот преоден рок, а 22-годишниот Шпанец е една од опциите.


Во списокот на клубот од Вестфалија се наоѓаат и Фисник Аслани од Хофенхајм, како и Нико Трезолди од Клуб Бриж.


Од Борусија засега немаат преземено конкретни чекори за ангажман на Гарсија.
Напаѓачот има договор со Реал до летото 2030 година.

Оваа сезона забележа шест гола и две асистенции на 34 натпревари во сите конкуренции.

Реал Мадрид неофицијално ќе бара 60 милиони евра за негово заминување.

- Оглас -

Најнови вести