Борусија има 12 победи по ред против имењакот, 13-тиот меч ќе им биде несреќен?

1702 ПСЖ – Монпелје (21.00 часот)

Кај овој пар типуваме победа на ПСЖ без примен гол. Иако Монпелје е прилично ефикасна екипа и пет меча по ред игра ефикасни мечеви со голови на двете страни, овојпат ќе се соочат со силен противник кој прими само 11 гола на 20 меча. ПСЖ не им дозволува на противниците да играат со топка и затоа имаат фантастична гол-разлика. И според моментната форма и според традицијата, Светците се фаворити. Монпелје има дадено само еден гол на последните седум гостувања во Париз, а на последните три посети на „Паркот на принцовите“ примија дури14 гола.

Предлог тип: 1 Сигурна (2.11)

 

3002 Беневенто – Торино (20.45 часот)

Торино е во опасната зона на табелата, има низа од три меча без победа и со 0-2 гола, додека Беневенто загуби во претходните две кола со по 1-4. Торо од пред три дена има нов тренер, го доведоа Давиде Никола и играчите сигурно ќе бидат мотивирани да се докажат пред новиот шеф на стручниот штаб. Биковите само еднаш им гостувале на Вештерките, во 2017 година и Торино победил со 1-0. Можеби со бод би се задоволиле двата тима.

Предлог тип: Х (3.25)

 

1801 Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд (20.30 часот)

Милионерите во вторникот загубија од Леверкузен, а сега имаат ново тешко гостување, овојпат кај имењакот. Менхенгладбах има три победи и едно реми во последните четири кола, па сега се само на бод зад Дортмунд. На двата тима им фалат по 3-4 важни играчи. Борусија Менхенгладбах повеќе од еден месец не знае за пораз. Но, домашните имаат комплекс кога играат против другата Борусија. Дортмунд ги доби последните 12 пресметки со Гладбах (од август 2015 наваму). Во нивните меѓусебни дуели на „Борусија парк“, од 2013 не било нерешено.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.70)

 

1301 Леванте – Валјадолид (21.00 часот)

Енис Барди по подолго време би можел да биде стартер кај Леванте и да го размрда средниот ред. Двата тима во последните три кола имаа по една победа, реми и пораз. Мечевите на Леванте се поефикасни од тие на Валјадолид. Леванте на последните два домашни меча против Валјадолид победуваше со по 2-0. Кај Валјадолид, кој е незгоден гостин, многу долга е листата на отсутни и тоа е хендикеп за нив иако и кај Леванте ќе фалат важни играчи.

Предлог тип: 1 (2.18)

 

8614 Црвена ѕвезда – Барселона (19.00 часот)

Барселона и без ѕвездата Миротиќ има три победи по ред и важи за фаворит на евролигашкото гостување во Белград. Ѕвезда во минатото коло го изненади Реал во Мадрид, но Кралевите одиграа под своите можности. Каталонците во минатото коло ја победија ЦСКА и имаат само еден пораз повеќе од Армејците кои се лидери, па на гостите и другарите им треба победата. Српскиот првак уште е далеку од местата кои водат во плејофот, а од 2017 не знае за победа против Барса.

Предлог тип: Т1 & Т2 >71.50 (2.05)

- Оглас -

Најнови вести