Марко Розе ќе биде нов тренер на Борусија Дортмунд, а трансферот од Борусија Менхегладбах ќе се реализира ова лето, објавија германските медиуми.
Розе ќе го замени Един Терзиќ, тренер кој ги предводи Милионерите како привремено решение по заминувањето на Луцијан Фавр во текот на оваа сезона.
Потврда за заминувањето на еден од најдобрите европски тренери има и од таборот на Борусија Менхенгладбах.
„Марко Розе одлучи да ја активира клаузулата од договорот со нас што е важечки до 2022 година и да се пресели во Борусија Дортмунд веќе ова лето“, изјави Макс Еберл, спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах.
Розе ѝ е познат и на нашата јавност откако со младинскиот тим на Салцбург го елиминира Вардар во Лигата на шампионите за играчи до 19 години и потоа успеа со серија изненадувања да ја освои и шампионската круна во Европа.