Борусија не знае да ги искористи подароците што и ги дава Баерн

Фудбалерите на Борусија Дортмунд не успеаја да слават во првиот меч од 30-то коло во Бундеслигата и повторно му дадоа шанса на најголемиот ривал Баерн Минхен, да ги прескокне на табелата.

Баерн со поразот од Мајнц во претходното коло и овозможи на Борусија да се искачи на лидерската позиција на табелата со еден бод повеќе, но Милионерите вечерва не успаја да слават на гостувањето кај Бохум играјќи 1:1.

Двата гола беа постигнати во воведните минути, Ентони Лосила во петтата минута му донесе водство на домашниот тим, но само две минути подоцна, Карим Адејеми го израмни резултатот.

Во последната минута од мечот, Матс Хумелс постигна гол за Борусија, но судијата го поништи поради офсајд, кој во 65-та минута не досуди пенал за Милионерите по прекршокот над Адејеми.

 

- Оглас -

Најнови вести