Бошко Ѓуровски: Ние против Реал игравме на -13 степени (Видео)

Бошко Ѓуровски, поранешниот македонски фудбалер, а сега тренер, се присети дека точно пред 32 години, кога Црвена ѕвезда го совлада Реал Мадрид со 4-2 во меч од четврт-финалето во Купот на европските шампиони во 1986/87, температурата во Белград била смрзнувачки -13 степени.

Завчера во САД е поставен рекорд од играње во МЛС-лигата на -8 степени, но во Европа во минатото се играше и на поларни температури. Ѓуровски добро се сеќава на тој меч со Реал бидејќи беше капитен на Ѕвезда и стрелец на голот за водство од 1-0, кога ги израдува присутните 90.000 навивачи на трибините.

„Температурата беше минус 13, а ние во тоа време немавме адекватни копачки за играње на подмрзнат терен. Нашиот економ ни ги остреше крампоните за да бидеме постабилни и да не се лизгаме. Затоа ги растуривме во првото полувреме. Во вториот дел, играчите на Реал облекоа патики и заиграа подобро. Жал ми е што судијата досуди пенал кој не постоеше, а со тој гол Реал си ја олесни работата пред реваншот“, се присетува Ѓуровски.

Ѕвезда беше елиминирана бидејќи Реал дома победи со 2-0, но тие што биле на трибините или играле на теренот во Белград, тешко дека некогаш ќе го заборават студот.

- Оглас -

Најнови вести