Бостон е на чекор од големото финале по 12 години, навивачите се молат да не се повтори 2012 година (Видео)

Бостон селтикс направи брејк против Мајами хит и славеше со 93:80 и води со 3:2 во победи во финалето на Источната конференција во НБА лигата.

Келтите беа подобри во второто полувреме што го добија со 56:38 и направија пресврт, откако Мајами тргна подобро и имаше предност од 42:37 по првиот дел.

Џејлен Браун беше лидер на Бостон со 25 поени, а го имаше и најатрактивниот потег на мечот со фантастишно забивање.

Џејсон Тејтум беше на прагот на трипл-дабл со 22 поени, 12 скока и 9 асистенции, а Бостон е на прагот на големото финале во НБА, што би било прво по пауза од 12 години.

Бем Адебајо со 18 поени и 10 скока беше светла точка кај Мајами хит, чии навивачи веруваат во реприза на 2012 година, кога ист така Бостон имаше предност од 3:2 во победи, но Мајами успеа да направи пресврт во последните два меча.

Следниот натпревар ќе се игра во Бостон во сабота во 02.30 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести