Бостон на чудесен начин стигна до продолжение, но таму потклекна против Хјустон (Видео)

Хјустон победи на гостувањето кај Бостон со 111:110, дури по продолжение, во највозбудливиот меч одигран ноќеска во НБА лигата. Двата тима имаат над 65 отсто победи и едноставно се знаеше дека ќе има голема битка.

Гостите го контролира резултатот и во последните 30 секунди влегоа со предност од 101:96, а имаа и напад. Сепак, Харден згреши во додавањето и тоа беше сигнал дека ќе следува шоу во завршницата. Бостон намали на 101:98. Потоа гостите погодија едно слободно фрлање, а Бостон даде тројка за за 102:101. Расел Вестбрук погоди две слободни фрлања, а Бостон во последниот напад преку Џејсон Татум ги промаши двете слободни фрлања, но домаќините се изборија за офанзивен скок и преку Браун со тројка во последната секунда стигнаа до 104:104 и продолженија.

ВО дополнителните пет минути се играше кош за кош, а повторно Бостон го имаше последниот напад, овојпат за победа. За жал на домашните фанови, домаќините промашија и Хјустон се израдува на шестата победа во низа. Вестбрук со 41 поени беше најефикасен кај гостите, додека Харден додаде 21 поени.

https://youtu.be/583U6pE6ovQ

Резултати: Атланта – Портланд 129:117, Мајами – Бруклин 116:113, Кливленд – Индијана 104:113, Мајами – ЛА Лејкерс 105:88, Бостон – Хјустон 110:111 по продолжение, Сан Антонио – Орландо 114:113, Феникс – Голден Стејт 99:115.

- Оглас -

Најнови вести