Бостон преку Колумбус до финале на Истокот, ќе се игра мајсторка во Сан Хозе

Бостон бруинс се изборија за конференциско финале од Истокот по победата од 3-0 на гости кај Колумбус блу џекетс за вкупни 4-2 во серијата. Бруинс беа фаворити во оваа рунда против Блу џекетс и ги оправдаа очекувањата, па за пласман во финалето и чекор поблиску до пехарот „Стенли“ ќе се надигруваат со Каролина хурикејнс.

Крејчи, Јохансон и Бекес ја донесоа убедливата гостинска победа од 3-0, пa Бостон по шест години пауза се најде во битка за големото финале.

Колорадо авеланш во дополнително време славеше против Сан Хозе шаркс со 4-3 и изнуди седми решавачки дуел за пласман во конференциското финале од Западната конференција. Мајсторката ќе се игра во Сан Хозе ноќта меѓу среда и четврток, каде што ќе се дознае вториот финалист од Западот.

Колорадо го заслужи триумфот бидејќи во текот на средбата против Ајкулите, домаќините водеа во три наврати. Сан Хозе на три пати го анулираше водството на Авеланш, па средбата се одлучи во дополнителниот период, а Ландеског ги реши дилемите само по две и пол минути игра.

- Оглас -

Најнови вести