Бостон во атак на победи на два фронта

Бостон бруинс – Сан Хозе шаркс (НХЛ, 01 часот)

Ова е дербито на програмата за ноќеска, а меѓусебе ќе играат двете второпласирани екипи во своите конференции. Бостон има многу искусна екипа предводена од старите волци Бержерон, Марчанд, Чара… Колку се квалитетни, покажува и податокот дека напаѓач во четвртата постава им е Дејвид Бејкс, хокеар кој редовно ја минуваше границата од 60 поени како играч на Сент Луис.

Бостон е во серија од три натпревари што завршија нерешено во регуларен дел, а нема пораз од „ајкулите“ на пет меча по ред, односно од март 2016 година.

Сан Хозе има тим и за титула со страшни напаѓачи од калибарот на Павелски, Качур, Донској, Кејн, Торнтон.. Тоа е можеби и најдобриот офанзивен микс на хокеари во НХЛ-лигата, што му дава добри шанси на тимот да бие битка и за титула.

Предлог тип: >5.5 голови (1.70)

 

Колумбус блу џекетс – Питсбург пингвинс (НХЛ, 01 часот)

Ова е дербито на Источната конференција за ноќеска, а меѓу себе ќе играат кандидатите за настап во плејофот. Питсбург e со многу поголемо реноме од домаќинот, кој ѝ се приклучи на НХЛ од 2000-та година.

Пингвините во новиот милениум освоија три од вкупно петте титули што ги имаат во колекцијата, а вистинска марка се дуото напаѓачи Крозби и Малкин. Можат да ја надиграат секоја одбрана во Лигата и тие се големите адути на гостите. Но, Питсбург е во мала криза, има два порази по ред и падна на деветтата позиција во Источната конференција.

Колумбус е во налет, има многу компактна екипа со супер стартна напаѓачка постава во која се Панарин, Душене и Аткинсон и има предност во големата битка со Питсбург.

Предлог тип: 1&5+ (2.37)

 

Њујорк никс – Орландо меџик (НБА, 01.30 часот)

Орландо и со негативен скор од 28 победи и 33 порази има шанси за настап во плејофот, особено ако продолжи да игра како што го прави тоа во последно време. Меџик имаат шест победи на последните седум меча, а надиграа одлични екипи кои се пред нив на табелата во Источната конференција во НБА лигата.

Никола Вучевиќ игра одлична сезона, веројатно и најдобра во кариерата и тој е лидерот на тимот. Многу работи сепак им зависат од настапот на Теренс Рос, првата резерва во тимот. Знае во серија со рафална стрелба да му донесе предност на Орландо, а тука е и одличниот Арон Гордон.

Њујорк завчера со победа против Сан Антонио ја прекина мизерната серија од 20 порази, најдолга во историјата на клубот. Сезоната за најскапо проценетата кошаркарска франшиза на светот е загубена, но ќе сакаат да врзат барем две победи по ред. Сепак, Орландо бие битка за плејоф и е поблиску до бодовите.

Предлог тип: 2-2>214.5 (3.05)

 

Торонто репторс – Бостон селтикс (02 часот)

На ред е дербито во Источната конференција меѓу две од петте најдобри екипи. Торонто се надева дека може со серија победи да го симне Милвоки од врвот, а Бостон бие битка за позиција погоре од моментното петто место за да може да има предност на домашен терен во плејофот.

Веднаш треба да се спомене дека арената во Торонто е вистински баук за гостите од Бостон, а неверојатно звучи серијата од 7 порази по ред на Келтите како гости во Торонто.

Кајри Ирвинг и соиграчите ќе сакаат да ја прекинат серијата што трае од мај 2015 година, но Торонто има екипа за да ја продолжи импресивната низа од победи против Бостон.

Предлог тип: 1 (1.70) Супер тип Sport Life

 

Пол Џорџ (Денвер нагетс – Оклахома тандерс, НБА, 04.30)

Пол Џорџ ја игра најдобрата сезона во кариерата. Одлично се вклопи во составот на Тандерс, со Расел Вестбрук се еден од најдобрите тандеми во НБА-лигата, нешто што ретко кој го предвидуваше.

Вечерва Оклахома игра со Денвер, екипа која е исклучително ефикасна и игра ран-енд-ган кошарка, што целосно му одговара на Џорџ.

Против Денвер крилото на Оклахома ја минуваше границата од 30 поени на два од последните четири натпревари, но вечерва прогнозираме дека повторно ќе ја мине поставената граница од 30,5 поени.

Предлог тип: Пол Џорџ > 30.5 поени (1.87)

 

 

- Оглас -

Најнови вести