Божиќна бајка без среќен крај за Осиек – Манџукиќ ја одби понудата од 3 милиони евра

Марио Манџукиќ, сепак, нема да се врати во хрватскиот фудбал на 34-годишна возраст откако ја одби понудата на Осиек да потпише двегодишен договор со годишна плата од 1,5 милиони евра.

Можноста за ваков трансфер одекна сензационално во Хрватска, но божиќната бајка што ја најави Осиек немаше среќен крај за нив.

Манџукиќ играше во ХНЛ на почетокот на кариерата, за Загреб две сезони и за Динамо четири во финишот на минатата декада, а сега беше најавен негов кам-бек во хрватското првенство како засилување за амбициозниот проект на Осиек.

Осиек сака да ја сопре доминацијата на Динамо Загреб, го ангажираше и поранешниот тренер на популарните Модри, Ненад Бјелица, а со Манџукиќ ќе добиеше и огромно засилување за продолжението на првенството, во кое влегува со еднаков број бодови, 33, како и Динамо, но со два меча повеќе.

Последен клуб на Манџукиќ беше катарскиот клуб Ал-Духаил, со кого ја прекина соработката на 5 јули годинава.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести