„Божјата рака“ ќе ја води Гимназија и следната сезона

Диего Марадона и следната сезона ќе го води тимот на Гимназија Ла Плата откако клубот потврди дека двете страни се согласија на продолжување на соработката до крајот на сезоната 2020/21.

Марадона во септември 2019 година го презеде кормилото на клубот кој се бореше за опстанок во аргентинската елита, но прекинот на актуелната сезона поради корона-вирусот беше во полза на екипата. Гимназија ќе игра во Примера дивизион и следната сезона, а до 2022 година нема да има испаѓање во аргентинскиот шампионат.

https://twitter.com/gimnasiaoficial/status/1268210227230449669

- Оглас -

Најнови вести