Брајтон е неверојатен, 45 минути му беа доволни за да одигра „гол-гол“ и да ја продолжи неверојатната серија (Видео)

Брајтон е вистински фудбалски феномен сезонава во Премиер лигата откако вечерва само за 45 минути одигра „гол-гол“. По првото полувреме од 15-тото коло, Брајтон и Брентфорд одиграа 1:1, со што домаќинот во сите негови мечеви во Премиер лигата и дава и прима гол.

Брентфорд поведе со голот од пенал на Мбеумо во 27-мата минута, но седум минути подоцна Паскал Грос го израмни резултатот.

Фулам по првото полувреме води со 2:0 благодарение на головите на Ивоби во 30-тата и на Хименес во 34-тата минута.

На останатите два меча кои започнаа во 20.30 часот, по првото полувреме водат гостите. Ливерпул со голот на Вирџил ван Дајк води против Шефилд јунајтед, а Борнмут води против Кристал палас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести