Брајтон го почести Тотенхем со покер голови, но повторно не успеа да ја зачува сопствената мрежа (Видео)

Фудбалерите на Брајтон во одличен натпревар со 4:2 го совладаа Тотенхем во 19-тото коло од Премиер лигата.
Домашниот тим ја продолжи традицијата и на секој натпревар сезонава во Премиер лигата дозволи да му се затресе мрежата.
Брајтон по триумфот има 30 бода и скокна на осмото место на табелата, додека Тотенхем остана на 36 бода за петта позиција.
Во првото полувреме, домаќините доминираа, не му дозволија на Тотенхем да упати ниту еден шут во рамките на голот и притоа постигнаа два гола преку Џек Хиншелвуд и Жоао Педро.
Во второто полувреме домашните фудбалери продолжија каде што застанаа во првиот дел и најавија катастрофа на Тотенхем.
Брајтон со головите на Еступињан во 63-тата и на Жоао Педро во 76-тата минута поведе со 4:0 и беше на пат да му го нанесе најтешкиот пораз на Анге Постекоглу откако седи на клупата на Тотенхем.
Но, во финишот, Петлите со головите на Велиз и Дејвис го ублажи поразот.
- Оглас -

Најнови вести