Брајтон им набива комплекс на Ѓаволите, а Сити реди победи против Вест Хем

Манчестер сити со 3-1 го совлада Вест Хем, а со истиот резултат Брајтон како гостин беше подобар од Манчестер јунајтед, па продолжија традициите во меѓусебните дуели на овие екипи во Премиер лигата.

Галебите имаат низа од четири победи по ред во пресметките со Црвените ѓаволи, додека Вест Хем уште во 2015 година ја извојува својата последна победа против Манчестер сити. За Чеканите низата од 16 меча по ред без победа е најцрна серија што ја имаат против еден ривал во нивната историја.

Голови за Брајтон на „Олд Трафорд“ дадоа Паскал Грос (негов четврти на тој стадион, од гостите само Салах и Џерард дале повеќе) и Дани Велбек кој има четири голови против својот поранешен клуб. Ниту еден друг екс играч на Јунајтед не дал толку голови против гигантот од Манчестер.

Манчестер сити е единствен тим во лигата со 15 бода од пет кола.

- Оглас -

Најнови вести