Брајтон сака да се израдува, а тоа да не биде Манчестер јунајтед

Само со една победа во досегашниот дел од сезоната, Брајтон е едно од разочарувањата во Премиер лигата. Единствено Манчестер јунајтед беше тимот против кој беа освоеи три бода, и тоа пред речиси два месеца. Сега Брајтон се надева дека во дуелот со Вест Хем повторно ќе ги израдува своите навивачи.

Ако лошата форма е против нив, тогаш традицијата покажува дека Брајтон може да победи. Минатата сезона „чеканите“ на два пати загубија од овој ривал, и дома и на гости. Брајтон ги добил последните три средби со Вест хем на свој терен. Првиот меч овие два тима го имаат одиграно пред 115 години, а и тогаш Брајтон победил со 3-2.

Одбраната е проблем за Брајтон. Последен пат не примиле гол на четврти мај, кога со 1-0 славеа над Манчестер јунајтед. Интересно е тоа што Брајтон во последните 16 меча има 5 ремија, 9 порази и само две победи, и тоа двете над најтрофејниот англиски клуб. Сега се надеваат дека конечно ќе освојат три бода и против друг ривал.

Вест хем во минатото коло славеше над Манчестер јунајтед, а тимот нема споено две победи по ред од јануари 2017 година. Марко Арнаутовиќ треба да биде главниот адут на гостите. Австрискиот репрезентативец директно бил вклучен во 21 гол на неговите последни 26 настапи (15 погодоци и шест асистенции).

Според традицијата и формата на двата тима, домаќинот е благ фаворит, но најсигурно би било да се игра на погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести