Брату е песимист: Ако Романија не ја води Радои црно ни се пишува

Тренерот на Конкордија, Флорин Брату е песимист пред трите мартовски дуели на Романија во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар, ако селекторот Мирел Радои не биде на клупата на националниот тим, против Македонија, Ерменија и Германија.

Брату, кој е поранешен играч на Динамо Букурешт и има 14 настапи за националниот тим, вели дека позитивниот тест на Радои на Ковид-19 е голем удар за романската репрезентација.

Шанси за Радои да командува на 25. март во Букурешт против Македонија, се уште има, но му треба негативен тест пред премиерниот дуел во нашата група.

„Евентуалното отсуство на Мирел лошо ќе се одрази на националниот тим. Кога имате еден-двајца повредени играчи можете да ги замените, но со селекторот е малку поинаква приказната. Радои ја правеше селекцијата, играчите му веруваат и ќе биде голем удар, ако не успее да заздрави од корона-вирусот. Во таков случај сум песимист, иако и Дика има свои квалитети како замена за селекторот“, вели Брату.

Радои очекува нов тест на Ковид-19, а ако повторно биде позитивен, против Македонија ќе селекторува неговиот помошник Николае Дика.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести