Бразил и Македонија се сигурици, ефикасно ќе биде во Франција, Словенија и Белгија (Фото)

6122 Македонија – Летонија (20:45)

Репрезентацијата на Македонија има противник по мерка и иако ѝ е потребен само бод, сепак со победа и официјално ќе го освои првото место во групата и ќе обезбеди пласман во повисок ранг, но најверојатно и во баражот за Светското првенство. Против Летонија имаме одиграно четири натпревари и на сите сме победиле со вкупна гол-разлика од 10-2, па зошто да не биде така и вечерва на Националната арена во Скопје.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.55)

 

6102 Франција – Израел (20:45)

Франција со серија од три победи го пречекува Израел на домашен терен во Лигата на нациите, а една од тие победи е токму против денешниот противник со 1-4 на гостински терен во Унгарија. Израелците во Париз пристигнуваат со серија од четири порази по ред и вкупна гол-разлика од 4-13, а на последните два натпревари примија по четири гола.

Предлог тип: Т1 4+ (2.65)

 

6112 Словенија – Норвешка (20:45)

Дуел на две репрезентации кои негуваат офанзивен фудбал, но и по традиција играат ефикасно. Последните два меѓусебни дуели на Словенија и Норвешка завршуваа 3+, а Норвежаните на последните три меча одиграа 3+, додека против Австрија имаше вкупно шест гола во поразот од 5-1.

Предлог тип: 1+I&3+ (2.45)

 

6101 Белгија – Италија (20:45)

Ефикасен меч се очекува и од селекциите на Белгија и Италија. Четири од нивните последни пет натпревари завршуваат со најмалку по три гола, додека Италија е во низа од четири меча на коишто имало 3+ голови. Белгија со три или повеќе гола одигра на последните две средби.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.00)

 

6705 Венецуела – Бразил (22:00)

Бразил со две победи на последните два меча конечно фати приклучок кон горниот дел од табелата на јужноамериканските квалификации за Светското првенство, но Кариоките не смее да се опуштат и да ѝ дозволат на Венецуела да им се доближи само на два бода. Бразилците на последните два натпревари одиграа ефикасно против Перу (4-0) и Чиле (2-1), додека три гола имаше и на последниот пораз на Венецуела (1-2) од Парагвај. Домашните во овој меч влегуваат со серија од пет натпревари на коишто немаат победено.

Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (2.65)

- Оглас -

Најнови вести