Бразил од 1982 година бил инспирација за Гвардиола

Репрезентацијата на Бразил која настапи на Светското првенство во Шпанија во 1982 година толку многу го воодушевила тогаш 11-годишниот Хосеп Гвардиола, што тоа толку многу му останало во сеќавање и до денеска тој како тренер се обидува да го имитира стилот на игра на таа екипа предводена од селекторот Теле Сантана.

Бразилците играа многу офанзивно, а испаднаа во полуфиналето на СП од Италија со 2-3. Гвардиола смета дека тој тим предводен од Зико, Едер, Жуниор, Сократес, Фалкао, Тонињо Серезо бил еден од најдобрите на сите времиња, но не го освои Мундијалот.

„Штом толку се зборува за тој тим и по 20, 30, 40 години, значи вредел. Не знам дали и некој шампионски тим се памети толку многу како овој“, смета Гвардиола.

Бразил користеше офанзивни бекови, нешто што е карактеристика и за тимовите на Гвардиола, но поразот од Италија ги натера идните бразилски селектори да го сменат пристапот и да не се залетуваат толку многу во напад бидејќи се покажа дека мора да се мисли и на одбраната.

„Повеќе сакам да победам играјќи убаво отколку да загубам играјќи лошо“, рече Сантана по поразот од Италија. Овие зборови уште се во мислите на Гвардиола, кој ја има истата филозофија и оди на победа дури и кога му одговара нерешено, иако тоа некогаш е погубно.

 

- Оглас -

Најнови вести