Бразил со четири ѕвезди има напад за десетка

Филипе Кутињо, Нејмар, Габриел Жезус и Роберто Фирмино е квартетот напаѓачи на бразилската репрезентација кои за првпат по октомври 2018 година ќе заиграат заедно на еден натпревар на Кариоките.

Селекторот Тите има слатки маки пред пријателскиот меч со Сенегал во Сингапур, но интересно е дека претходниот пат кога Кутињо, Нејмар, Жезус и Фирмино играа заедно, голот за Бразил го даде дефанзивецот Миранда.

Доколку сите четири ѕвезди бидат стартери, во моќниот бразилски тим би немало место за Евертон од Гремио, кој беше еден од најдобрите и прв стрелец на Копа Америка. Не е само нападот на Бразил силен, имаат одлични играчи на сите позиции. Погледнете како би изгледал составот ако Евертон биде резерва.

Ако игра Евертон, резерва ќе биде Кутињо, а Нејмар би играл како полушпиц, не како крило.

- Оглас -

Најнови вести