Бразилец е клучниот фактор за успешен преоден рок на Барселона

Каталонскиот гигант Барселона преговара интензивно со Нико Вилијамс и со Дани Олмо и се надева на совршен исход.

Според шпанските медиуми, Нико Вилијамс ќе ја донесе конечната одлука веќе во понеделник, а Барселона има предност. ПСЖ се обидува да го привлече со понуда за повеќе пари, но агентите на Нико веќе ги договориле сите услови за трансферот, останува само конечно „да“ од самиот играч и Барса ќе ја активира клаузулата од 58 милиони евра. Секако, доколку нема промени во последен момент.

Барселона исто така одржала нови состаноци со претставниците на Дани Олмо, и преговорите напредувале. Во Барса знаат дека желбата на Олмо е да се врати во матичниот клуб и дека останува да се почека додека не се расчисти ситуацијата во Каталонија.


Потешкиот дел за Барса ќе биде договорот со Лајпциг, особено поради истекот на рокот за активирање на клаузулата од 60 милиони евра.

Сепак, во Барселона се надеваат дека ќе успеат да ги доведат и двајцата играчи. Но, за тоа им е потребна капитална продажба, а тоа би можел да биде Бразилецот Рафиња.

Каталонските медиуми денес пренесуваат дека Барса добила понуда од 65 милиони евра од клуб од Саудиска Арабија, но Бразилецот одбива да замине. Сепак, можно е да дојде до промена ако стане јасно дека клубот ги договорил и Нико Вилијамс и Дани Олмо, а со враќањето на Ансу Фати, кој засега останува во тимот, за Рафиња и нема да има премногу простор за игра, покрај Ламин Јамал и Феран Торес, бидејќи конкуренцијата е жестока.

Рафиња има понуди и од Премиер лигата, па тој би можел да биде клучен фактор за успешен преоден рок на каталонскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести