Бразилец со шпански пасош ќе го засили јужноамериканскиот првак

Новопечениот јужноамерикански и бразилски првак, тимот на Фламенго, има големи амбиции за во блиска иднина. Со цел да останат еднакво конкурентни, управата на клубот од Рио планира да вложи добар дел од средствата предвидени за трансфери во услугите на Диего Коста, напаѓачот на Атлетико Мадрид.

Според одредени бразилски медиуми преговорите веќе започнале, што значи дека Фламенго не остава ништо на случајот доколку нивниот херој од финалето во Копа Либертадорес Габриел Барбоса, ја одбие понудата да остане во клубот, каде што засега е позајмен од Интер.

Посредник на евентуалниот трансфер на Диего Коста е Филипе Луис, поранешниот играч на Атлетико и Челзи, кој соработуваше со Бразилецот со шпански пасош и во Мадрид и во Лондон. Фламенго и Атлетико засега се обидуваат да најдат пристојна сума која варира од 20 до 30 милиони евра, па дури потоа да се најде начин како да се изедначи годишната плата од осум милиони евра на 31-годишниот голгетер.

И самиот Коста своевремено изрази желба да игра во родната земја, особено за клуб како што е Фламенго, а процесот може да се забрза ако се знае дека Диего Симеоне повеќе нема доверба во него и е подготвен да се ослободи од репрезентативецот на Црвената фурија.

- Оглас -

Најнови вести