Бразилецот Роналдо слави два родендени, кој му е вистинскиот?

Бразилската фудбалска легенда Роналдо неодамна наполни 45 години, а чудно е што тој во септември двапати слави роденден. На 22 септември ФИФА му честиташе на Роналдо, но на некои страници на Википедија стои податок дека роденден на Луис Назарио да Лима Роналдо е на 18 септември.

На твитер-профилот на Лигата на шампионите роденден му честитаа на 18, а потоа и на 22. Во минатото, Барселона му го славеше роденденот на 18, а од лани му честита на 22. Интер, Милан и Бразилската фудбалска федерација му честитаа пред пет дена.

Кој е точниот датум? Се чини дека е 22 септември. Роналдо ретко се огласува на социјалните мрежи, но годинава на „Инстаграм“ на 22 објави дека наполнил 45 години.

Ако самиот Роналдо слави на 22, од каде се појави 18? Тој датум се појавува во книгата на Џејмс Мозли од 2005 година, под наслов „Роналдо: Патување на генијалецот“, во која се тврди дека е роден на 18 септември, но неговото раѓање официјално е регистрирано дури четири дена подоцна.

- Оглас -

Најнови вести