Сити го освои пехарот и тоа благодарение на еден од најубавите голови во историјата на финалињата во најстарото натпреварување во светот (Видео)

Екипата на Манчестер сити е освојувач на ФА Купот во Англија. Овој куп го носи приматот за најстаро натпреварување во светот, а ова беше 145-то финал. Сити се радуваше на „Вембли“ во Лондон, откако минимално со 1:0 го победи Челзи.

Човек на одлука беше Семењо кој го постигна единствениот гол во 72 минута од мечот. По асистенција на Халанд, Семењо успеа со петица да ја сврти топката во голот на Челзи. Фантастичниот гол на Семењо може да го видите ТУКА.

За Сити ова е осми трофеј во ФА Купот во клупската историја и се израмни со Челзи Ливерпул и Тотенхем. Најтрофеен во ФА Купот останува Арсенал со 14 трофеи, а Манчестер јунајтед има 13 пехари во ова натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести