Бразилецот се посрамоти како никој до сега: Даде гол, па на Конте му покажуваше да „замолчи“, но потоа му се случи шок (Видео)

Тотенхем со 3:1 го победи Нотингем Форест, а покрај четирите гола, се случи еден необичен момент кој го одбележа дуелот. По неполни 200 секунди од почетокот на средбата, напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон постигна гол и Бразилецот веднаш почна да се радува.

Освен што се радуваше на погодокот, Ришарлисон реши да се „пресмета“ со тренерот на неговата екипа, Антонио Конте. Италијанскиот стратег неодамна упати критики за реализацијата на Бразилецот, па сега Ришарлисон реши да му покаже на Конте „да замолчи“.

И додека Бразилецот се радуваше, се јави ВАР системот. Беше утврдено дека Ришарлисон бил во офсајд позиција и голот му беше поништен.

До крајот на средбата Хари Кејн постигна два гола за Тотенхем, а еднаш погоди и Сон и тоа на асистенција на посрамениот Ришарлисон. Поништениот гол може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести