Бразилска магија на Копјаникот кој е неостварена желба на Тен Хаг (видео)

Ајакс го прегази Гронинген со огромни 6-1 за втора победа на исто толку меча во холандското првенство

Рапсодијата беше предводена од Бергвајн и неговиот хет-трик, но погодокот за 2-1 е на младиот Ентони е мајсторијата по која ќе се памети забавниот дуел на „јохан Кројф арента“. Бразилскиот крилен офанзивец на фантастичен начин од околу 20 метри погоди на подалечниот директ за прв гол во сезоната, и покажа зошто Копјаниците за него бараат до 100 милиони евра.

Ентони е неостварена желба на Ерик тен Хаг, кого силно го посакува да го види во дресот на Манчестер јунајтед, а токму ваков тип на финишери е она што недостасува на „Олд трафорд“. Ентони импресионира и со лудите дриблизни, а во една ситуација успеа да лесно да мине покрај тројца противнички играчи.

- Оглас -

Најнови вести