Бразилска одбојкарка му била тајна девојка на Сала

Одбојкарката Луиза Унгерер тврди дека имала тајна љубовна врска со сега покојниот фудбалер Емилијано Сала, а тоа го поткрепи и со неколку фотографии објавени на социјалните мрежи. Луиза која има 31 година и настапува за француски клуб, вели дека разговарала со Аргентинецот на само неколку часа пред авионската несреќа, а последен пат го видела на неговиот роденден, на една недела пред трагедијата.

Кога слушна дека телото извадено од дното на Ла Манш е на Сала, Бразилката напиша: „Како то секогаш му говореше: Фала што си баш таква личност. Секогаш ќе те сакам“.

Луиза која е член на Безиер, изјави дека сон на Сала бил да игра во Премиерлигата. Комуникацијата со Сала ја почнале преку интернет во септември 2017 година, и бил многу среќен кога од Нант тргнал за Кардиф, патувањето кое заврши на најлош можен начин. Емилијано бил со чисто срце и без лоши намери, а бил и изненаден кога луѓе на улица ќе го пофалеле за добрите игри.

- Оглас -

Најнови вести