Бразилски карневал за среќа – Навивачите го испратија Фламенго на спектакуларен начин (Видео)

Карневалска атмосфера приредија навивачите на Фламенго при испраќањето на своите миленици на пат кон Лима, каде што бразилскиот тим ќе го игра финалето во Копа Либертадорес против Ривер плејт во сабота од 21 часот.

Фламенго ќе игра за вториот највреден клупски трофеј во Јужна Америка и е фаворит според коефициентите во светските обложувалници против актуелниот шампион Ривер плејт.

Од оваа година се игра само еден меч и вистинско финале, каде што победникот ќе се одлучува во 90 минути или потоа на продолженија или пенали, а укинат е двомечот поради ланските инциденти на дуелите меѓу Ривер и Бока јуниорс.

Во сабота финалето ќе се игра на „Монументал“ во главниот град на Перу, Лима, од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести