Бразилскиот судија не трпи хомофобични навреди (видео)

Бразилската фудбалска федерација пред извесно време воведе ново правило во борбата против хомофобијата, за кое не се чекаше многу да се види во пракса. Вчерашната средба меѓу Васко де Гама и Сао Пауло, која заврши во корист на домаќините со 2-0, привремено беше прекината откако домашните навивачи од трибините извикуваа хомофобични навреди.

На судијата Андерсон Даронко му остана да ја земе топката и предвреме да отсвири крај. Инцидентот се случи по малку повеќе од еден час игра при резултат од 1-0, но по некое време ситуацијата се смири и мечот ги дочека предвидените 90 минути. Тренерот на домашната екипа, Вандерлеј Луксембурго, се обиде да ги смири навивачите со цел неговиот тим да не добие дополнителна казна.

Новото правило во Бразил гласи дека на секој тим ќе му се одземаат бодови доколку нивните навивачи довикуваат хомофобични навреди за време на натпреварите. Тоа значи дека победата на Васко може да биде одземена, па во најскоро време ќе се дознае санкцијата од страна на Фудбалската федерација на Бразил.

- Оглас -

Најнови вести