Бразилците ќе одземаат поени поради расизам

Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ) ќе биде првата Федерација што инцидентите на расна основа ќе ги казнува со одземање на бодови.

Новите правила ќе започнат да се применуваат од натпреварите во Купот на Бразил кои ќе се играат на 21 февруари.

„Борбата против расизмот е итна. Со години се зборува за мерките кои треба да се преземат, но никогаш не се направени конкренти чекор. Сега ние како Федерација одлучивме да одиме чекор понатаму со казните, па дури можеме и да одземаме бодови на клубовите во натпреварувањата под наша ингеренција. Расната дискриминација е кривично дело и наша задача е да ја дејствуваме со конкретни потези“, изјави Родригес.

Тој изрази надеж дека оваа одлука ќе биде поддржана од клубовите, навивачите, општеството и медиумите, за промената да не биде „само козметичка“.

„Покрај спортските казни, секој чин на расизам или дискриминација ќе биде вклучен во извештајот од натпреварот кој ќе биде испратен до јавното обвинителство и до полицијата, за процесот да не заврши во сферата на спортот и прекршителите да бидат казнет според законот“, додаде Родригес.

- Оглас -

Најнови вести