Бразилците не се плашат од Аргентина, ја посакуваат во четвртфинале

Бразилците во 1994 година почнаа да ја слават титулата светски првак уште по осминафиналето кога Аргентина беше елиминирана, тие некогаш стравуваа само од ривалот, а сега се сменија времињата, и иако за „гаучосите“ игра Лионел Меси, „кариоките“ не само што не им се плашат, туку сега и ги посакуваат за противници во четвртфиналето на Копа Америка.

Дали е претеран оптимизам кој може да им се одмазди, останува да се види. Најпрвин, Аргентина вечер од 21 часот против Катар треба да си го заврши својот дел од работата. На Аргентинците им треба триумф за сигурен пласман во четвртфиналето, а има комбинации тие да одат понатаму и со нерешено.

Бразил своето четвртфинале ќе го игра на „Гремиот арена“ во Порто Алегре, а шансите противник да му биде Аргентина се реални.

За да има Бразил – Аргентина, има два начини. Едниот е победа на Аргентина над Катар, плус триумф на Парагвај над Колумбија. Ако Аргентина одигра нерешено со Катар, треба Колумбија да победи со три гола разлика, а Јапонија и Еквадор да ремизираат.

- Оглас -

Најнови вести