Бразилците разочарани, Роналдињо го бакнува дресот на Аргентина

Фотографија од Роналдињо како позира со дрес на аргентинската репрезентација, а потоа и го бакнува разочара многу бразилски фанови, но потоа дознаа дека немале причина да се лутат бидејќи не станува збор за вистинскиот Роналдињо, туку за неговиот двојник и имитатор Робсон.

Робсон, кој многу наликува на Роналдињо, стана познат кога во 2014 година пред СП во Бразил влета на тренинг на националниот тим на Аргентина, клекна на колена пред Лионел Меси и му ги бакнуваше нозете.

„Благодарение на сликата со Меси, ми се смени животот. Почнаа да ме ангажираат во филмови, ме викаат на разни настани и собрав доволно пари за да си купам куќа. Јас го сакам и Роналдињо, но Меси е нешто необјасниво“, изјави Робсон, кој живее во Бело Хоризонте, град каде што вистинскиот Роналдињо е најобожувана личност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести