Бред Пит шеташе од гаража во гаража, на крај се сликаше со најбрзиот на слободниот тренинг (Фото)

Пилотите на Ферари беа најбрзи на двата слободни тренинзи на патеката во Остин каде в недела вечер ќе се вози Формула 1 трката за Големата награда на САД.

На првиот тренинг, најдобро време имаше Карлос Саинс, а на вториот Шарл Леклер. На Ферари добро „му легнаа“ гумите од Пирели кои тимот ќе ги користи во 2023 година. Официјалните квалификации се вечерва на полноќ, а Леклер секако нема да биде на пол-позиција, бидејќи е казнет со пет места поради промена на дел од моторот.

Ѕвезда на слободните тренинзи беше и актерот Бред Пит, кој посети неколку тимови. Пит беше во гаражата на Мекларен, потоа се виде и со шампионот Макс Ферстапен во гаражата на Ред Бул, а не ја пропушти шансата да оди и кај Ферари и да се слика со Леклер откако пилотот од Монако извозе најдобро од сите.

- Оглас -

Најнови вести