Бремер рутински си објасни: Му било пишано да игра за Јувентус, и кучето му е во црно-бела боја

Глејсон Бремер, бразилскиот стопер од Торино, денеска официјално беше претставен како нов играч на градскиот ривал Јувентус, а има интересно објаснување за трансферот.

„Дали Јуве ми е судбина? Да, па и кучето ми е во црно-бели бои“, рече Бремер, кој потпиша договор со Старата дама до 2027 година во трансфер што чини 41 милион евра, плус и бонуси од 9 милиони евра.

Бремер сепак потоа посериозно објасни дека доаѓањето на Погба и на Ди Марија, како и можноста да го замени Кјелини, кого го смета за најдобар дефанзивец на планетата биле дел од главните причини да потпише за Јувентус, а не за Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести