Бреша не е Јувентус: не еден, туку два досудени пенали за Торино

Екипата на Торино минатиот викенд се жалеше дека била оштетена на градското дерби против Јувентус, кога не им беше доделен пенал по играњето со рака на Матајс Де Лихт, но денеска веројатно ќе молчат и ќе бидат задоволни, затоа што на средбата со Бреша им беше досуден не една, туку два пенали. „Биковите“ ја победија Бреша со 4-0.

На Андреа Белоти му се погоди, и овие пенали ги искористи да го прекине постот од пет кола без даден гол. После двата гола на Белоти од 11 метри, во второто полувреме Беренгер даде два гола за комплетирање на „покерот“. Од февруари 2008 се немаше случено на еден меч да бидат досудени два пенали за Торино.

Ѕвездата на Бреша, Марио Балотели, во кариерата има дадено два гола против Торино и тоа во 2013 година како играч на Милан, но денеска беше безопасен. Торино од мај 2006 година наваму немаше победа на гости кај Бреша. Бреша остана на делба на дното заедно со СПАЛ.

- Оглас -

Најнови вести