Бреша пак го избрка тренерот Корини

Бреша по вторпат сезонава му врачи отказ на тренерот Еуџенио Корини. По неполни два месеци откако се врати на кормилото, Корини не успеа да ги смени работите во клубот, па управата одлучи да ја даде довербата на уругвајскиот стратег Диего Лопес.

Корини е човекот кој ѝ обезбеди на Бреша пласман во Серија А за оваа сезона, но по низата лоши резултати доби отказ во ноември минатата година. На негово место дојде Фабио Гросо, кој се задржа околу триесетина дена на клупата, па раководството повторно му даде шанса на италијанскиот стратег да го поправи впечатокот.

Меѓутоа, и во вториот мандат на Корини, Бреша не успеа да забележи добри резултати и остана при дното на табелата во Калчо лигата и моментално е под закана за испаѓање во второто по квалитет италијанско првенство.

- Оглас -

Најнови вести