Брестовац оптимист: И дома против Данците ќе одиме на победа!

Машката ракометна репрезентација на Македонија доби ниту „група на смртта“, ниту лесни противници при ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2022 година. Вакво размислување има и селекторот Данило Брестовац, кој е оптимист и најавува дека Црвено-жолтите нема да се предадат однапред ниту против Данска, а против Швајцарците и Финците одиме на две победи.

На ЕП 2022 одат првите две од групата, а може и третото место да биде доволно ако тимот се најде меѓу четирите најдобри третопласирани од осумте групи.

„Можеше да биде и подобро и полошо. Данска е фаворит, но и ним не им се даваме, особено дома, а против другите две селекции одиме на победа и дома и на гости. Во Швајцарија ќе имаме поддршка од трибините. Стартуваме дома против Финска, верувам дека ќе победиме“, вели Брестовац.

Македонија е редовен учесник на европските шампионати од 2012 наваму. Традицијата вели дека Данска никогаш не сме ја победиле, со Финска никогаш не сме играле, а со Швајцарија сме играле повеќе пати и имаме позитивен биланс.

- Оглас -

Најнови вести