Брестовац откри што е клучот за победата над Чиле

Македонија ја исполни зацртаната цел на Светското првенство во Египет, а тоа е пласман во втората фаза од планетарниот собир, откако попладнево со 32:29 го победивме Чиле, во последниот меч од групата. Со овој триумф и двата освоени бода, Македонија го освои третото место во групата, кое носи во следната фаза, каде веќе се познати и трите следни ривали.

По победата над Чиле, селекторот Данило Брестовац на прес конференцијата кратко резимираше каде бевме посилни и што е причината за нашата победа.

„Во второто полувреме ја подобривме играта во одбраната и тоа овозможи да постигнеме лесни голови. Нашите бекови беа навистина добри и тоа беше клучно за нашата победа“, објасни селекторот непосредно по победата над Чиле.

 

- Оглас -

Најнови вести