Брестовац се чуди како може некои ракометари среде сезона да не се во одлична физичка форма

Поразот од Кувајт во вториот контролен меч за македонската ракометна репрезентација покажал некои слабости кои не треба да се појавуваат во овој период од годината, кога клупската сезона е во полн ек.

Селекторот Данило Брестовац на десеттиот меч откако е на функцијата го претрпе првиот пораз, но среќа е што станува збор само за контрола која му ги отвори очите околу некои дилеми кои ги имаше.

По поразот, Брестовац бил непријатно изненаден од некои играчи кои се борат за влез во составот за Европското првенство, а не се во потребниот натпреварувачки ритам. Тој дури и најавил дека на некои позиции, можеби на ЕП ќе одат само со еден ракометар.

Денеска ракометарите ќе патуваат 650 километри до Букурешт, а утре следува битка со Алжир на голманот Калифа Гедбан.

- Оглас -

Најнови вести